114
Фудбалерите на ПСЖ се вратија на победничките патеки во француското првенство, на свој терен го совладаа Рен со 3-1.
Натпреварот на „Паркот на принцовите“ на навивачите им понуди гол во провото и уште три во второто полувреме.
Подобро тргнаа парижани, со поништен гол на Маркињос и потоа Бредли Баркола го отвори резултатот по 30 минути игра. Во второто полувреме водството на ПСЖ го удвори Ли Канг Ин во 58 минута. Веќе во 68 вторпат стрела Бредли Баркола за убедливи 3-0.
Рен успеа да намали на 3-1 преку Калимуендо, а во финишот поништен гол имаше Сеиду.