Барди: Ова е посебна победа за Македонија!

by riste
1 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди вели дека ова е многу голема победа за Македонија која може да ни донесе подобри резултати во иднина.

Македонија одигра многу подобро отколку на претходните дуели и заслужено дојдовме до победа од 2-0 над Ерменија. Барди беше на високо ниво, а неговиот погодок од слободен удар беше фантастичен.

„Се чувствуваме многу добро, ова е посебна победа. Имавме црвен картон во прво полувреме, но заслужено победивме. Благодарност до сите кои доаѓаат да ни дадат поддршка. Оваа репрезентација има многу квалитетни фудбалери, но пред се многу квалитетни луѓе“, вели Барди.

„Лошо ја почнавме Лигата на нации, но можеме да завршиме многу добро. Направивме муабет во соблекувалната пред овој меч, си ги увидовме грешките, одигравме добро и победивме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани