Баражите за Втора лига ќе се играат во Скопје и Битола, познати се термините!

by riste
1 минути читање

Денеска беа извлечени бараж дуелите за пласман во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а сега се одредени местата и термините за натпреварите.

Два од трите бараж дуели ќе се играат во Скопје, а еден во Битола.

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота, 25. мај со почеток од 17 часот.

Победа и Куманово ќе играат на стадионот „Ѓорче Петров“.

Во Скопје ќе се игра и дуелот меѓу Вардарски и Кораб, на „Борис Трајковски“ во Маџари.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра дуелот меѓу Влазерими и Борец.

Се игра еден натпревар, во случај на нерешен резултат веднаш се изведуваат пенали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани