111
Контроверзниот италијански наоаѓач, Марио Балотели во овој момент е без клуб откако си замина од турскиот клуб Аданаспор.
Во изминатиот период тој редовно самостојно тренира со цел да остане подготвен за новиот предизвик.
Според последните информации, Балотели би можел да се врати во Италија и тоа во тимот на Палермо. Враќањето на Сицилија би било емотивно за него затоа што Балотели е роден во овој град, но по само две години бил посвоен од семејство Бреша.
Покрај Палермо, Балотели имал понуди од Сан Диего од МЛС лигата и Коринтијас од Бразил.
Италијанецот има 34 години и во кариерата до сега играше за: Интер, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана и Сион.