Балотели преговараше со третолигаш, а сега може да заврши во – Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели подолго време е без клуб, а како што стојат работите изгледа сега добил понуда која е најпримамлива.

Имено, екс-репрезентативецот во последниот период се поврзуваше со неколку клубови меѓу кои и шпанскиот третолигаш Интерсити, но сега наводно добил понуда повторно да заигра во Серија А.

Екипата на Торино остана без Дуван Запата кој заработи тешка повреда и за него оваа сезона е завршена, па во клубот ги разгледуваат напаѓачите кои во моментов се слободни.

Балотели како што се наведува е во врвот на нивните желби, а опции се уште: Ерик Максим Чупо Мотинг, Висам Бен Једер, Кевин Гамеиро…

Кога е Торино во прашање тие одлично ја започнаа сезоната и беа лидери пред две кола, но потоа следуваа два порази, па сега се на седмата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани