131
УЕФА ги објави паричните санкции за репрезентациите по комплетирањето на Европското првенство.
Казнети се вкупно седум селекции, а меѓу нив се сите балкански претставници на турнирот. Со по 50.000 евра се санкционирани седум фудбалски федерации.
Меѓу казнетите се Хрватска, Србија, Албанија, Романија и Словенија, а нешто пониска казна (20.000 евра) доби репрезентацијата на Австрија. Покрај тоа, поради нацистичките извикувања Хрватите добија забрана за присуство на навивачи за следното гостување.