Баер Леверкузен ја затвори историската сезона со двојна круна, откако го освои Купот на Германија победувајќи ја екипата на Кајзерслаутерн во финалето со 0-1.
Избраниците на Чаби Алонсо дојдоа до предност преку мајсторскиот гол на Гранит Џака. Швајцарскиот играч за врска изведе мајсторија од преку 25 метри, испраќајќи неодбранлив удар директно во аголот.
This angle of Granit Xhaka's BANGER to open the scoring in the DFB Pokal final 😮💨🔥 pic.twitter.com/OnxcTrKlr0
— ESPN FC (@ESPNFC) May 25, 2024
Во финишот на првото полувреме Косуну доби втор жолт картон и беше исклучен, меѓутоа ниту тоа не ги промени работите на теренот. Второлигашот немаше сили да го загрози шампионот на Германија и на крајот претрпе пораз.
Леверкузен ја заврши сезоната со еден пораз, во финалето на Лигата на Европа, а ги освои двете титули во Германија во првенството и купот.