246
Германскиот првак Баер Леверкузен убедливо славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 1-5 (1-2), во натпревар од 32. коло од Бундеслигата.
Пресметката на „Дојче Банк Парк“ понуди шест погодоци, но и петарда во мрежата на домашниот тим. Предност донесе Гранит Џака, а Хуго Екитике израмни на 1-1. До полувремето Патрик Шик донесе водство (1-2).
Вториот дел за гостите донесе уште три погодоци. Два гола на Паласиос и Бонифејс дојдоа од белата точка, додека Фримпонг погоди од игра.