Баерн Минхен по лошата сезона посебно во германското првенство каде што заврши на третата позиција ќе го промени тренерот, но се очекуваат и големи промени во играчкиот кадар.
Пред Баерн се најавува бурно лето во кое би можеле да се ослободат од „половина тим“.
Гермаски „Билд“ пренедсува дека клубот на трансфер листата ставил дури седум фудбалери кои имаат вкупна вредност од околу 340 милиони евра.
Во прашање се: Серж Гнабри, Кингли Коман, Јозуа Кимих, Леон Горецка, Дајот Упамекано, Алфонсо Дејвис и Нусер Мазрауи.
За дел од нив веќе и се најавуваат замените. Така Тах од Леверкузен би требало да пристигне на местото на Упамекано, додека Саша Бои може да го замени Мазрауи. Покрај тоа се најавува и враќање на Јосип Станишиќ кој играше одлично на позајмицата во Баер. Желба во средниот ред е Холанѓанецот, Френки Де Јонг од Барселона, сепак тоа би било тешка операција.