Баерн рутински го среди Унион, Ајнтрахт седум пати ја тресеше мрежата на Бохум (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Баерн Минхен со убедливи 3-0 го победи Унион Берлин, Хари Кејн имаше уште еден маестрален меч, Ајнтрахт Франкфурт со фантастични 7-2 славеше над Бохум.

Баварците го држат врвот во Бундеслигата, овојпат нивни плен беше тимот на Унион Берлин.

Хари Кејн повторно беше играч на мечот, даде два гола, а имаше и една асистенција при погодок на Коман. Конечниот резултат беше 3-0.

Бохум ќе има исклучително тешка задача да избори опстанок во Бундеслигата, денеска примија дури седум голови на гостувањето кај Ајнтрахг Франкфурт. Домаќинот немаше милост за нив.

Гостинска победа обезбеди Сент Паули кој славеше кај Хофенхајм со 2-0, Кил со 1-0 го совлада Хајденхајм, а мечот меѓу Волфсбург и Аугсбург заврши нерешено 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани