Баерн победи против Волфсбург и се врати на втората позиција во Бундеслигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шампионската титула во Германија е решена од пред неколку кола, па така денешниот натпревар помеѓу Баерн и Волфсбург немаше некое резултатско значање.

На крајот баварците сепак лесно ја оправадаа фаворитската улога и славеа победа од 2:0.

По само четири минути игра Звонарек ја најави победата на избраниците на Томас Тухел, а веќе во 13-тата минута резултатот беше 2:0, стрелаше Горецка на асистенција на Милер.

Пет минути подоцна одново се тресеше мрежата на Волфсбург преку Брајан Сарагоса, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Во вториот дел не видовме погодоци.

Со овој триумф Баерн се враќа на втората позиција, додека Волфсбург е сигурен на 12-тата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани