Баерн Минхен сега и да го моли, Тухел нема намера да остане!

by riste
1 минути читање

Томас Тухел вели дека нема шанси да остане тренер на Баерн Минхен, па дури и клубот да се предомисли и да му рече дека сака да продолжат заедно.

Тухел е повреден од фактот што Баерн бара нов тренер, па смета дека е потценување за него ако клубот откако ќе сфати дека нема достојна замена да му предложи на него да остане.

„Откако се договоривме да се разделиме, Баерн Минхен интензивно бара нов тренер. Претпоставувам дека дури и пред разговорот почнале да бараат“, вели Тухел.

„Тоа е лоша мотивација за потоа да речете: ајде повторно ќе одиме со тебе. Нема шанси. Од моја гледна точка е јасно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани