Баерн Минхен го продава Де Лихт, тој има само една желба!

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен планира да го продаде Матијс Де Лихт ова лето, интерес има од неколку клубови, Холанѓанецот знае каде сака да оди.

Интерес за Де Лихт има од неколку клубови, пред се од ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Холанѓанецот на своите агенти им рекол да преговараат само со Манчестер јунајтед, негова желба е да оди во Премиерлигашот.

Преговорите меѓу Јунајтед и Баерн се веќе во тек, се верува дека ќе имаат позитивен исход со оглед на тоа што и Тен Хаг притиска да го ангажираат неговиот сонародник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани