Баерн даде 14 голови во дебито на Компани! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен традиционално подготвителните натпревари за новата сезона ги почнува со дуел против нисколигашот Ротах Егерн, овојпат Баварците победија со 14-1.

Ова беше прв меч за Винсент Компани како тренер на Баерн Минхен.

Тел постигна три голови, Личина и Иранкунда реализираа по двапати, по еднаш погодија Мазрауи, Гереиро, Ибрахимовиќ, Бој, Садат, Асп и Асеко Нкили.

Интересно, Баерн Минхен минатата година овој тим го победи со 27-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани