Баерн го прегази Холштен Кил, хет-трик на Хари Кејн (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен со убедливи 6-1 славеше на гостувањето кај Холштен Кил, три од головите беа дело на Хари Кејн.

Потопот на домаќините беше најавен уште во првата минута кога Мусиала по асистенција на Кејн даде гол за 1-0.

Веќе во седмата минута Кејн зголеми на 2-0, а во 13. минута Ремберг си постигна автогол за 3-0.

Пред крајот на првото полувреме Кејн го даде својот втор гол на натпреварот за 4-0, со тој резултат се замина на одморот.

Во 65. минута Олисе зголеми на 5-0, Гиговиќ во 82. минута постигна почесен гол за Холштен Кил, а Хари Кејн во судиското продолжение реализираше хет-трик за конечни 6-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани