Баерн го пензионира дресот со број пет во чест на починатата легенда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен покажа уште еднаш дека е голем клуб кој многу ги почитува легендите.

Во чест на починатата германска и баварска фудбалска легенда Франц Бекенбауер, клубот го пензионира дресот со број пет. Легендарниот поранешен стопер почина на 78-годишна возраст, а во минатото во Баерн одигра 582 натпревари во периодот од 1964 до 1077 година.

Популарниот „Каизер“ како што го нарекуваат Германците важи за еден од најдобрите дефанзивци на оваа земја, но и на светот.

По играчката кариера во две етапи кратко беше и тренер на Баерн Минхен. Поради тоа клубот му оддаде постхумна почест со пензионирање на бројката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×