81
Давид Бабунски игра во солидна форма во шкотската Премиер лига за екипата на Данди Јунајтед.
Македонскиот фудбалер за врска е меѓу најстандардните во тимот на Данди, меѓу оние со најмногу минути. Сезонава во Премиер лигата одигра десет натпревари и постигна еден гол, а дури стана и капитен на тимот.
На последниот натпревар на гости кај Хибернијан имаше одличен потег со кој ги одушеви Шкотланѓаните. Бабунски издрибла четири-пет фудбалери како мали деца и ги собра аплаузите.