Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони скоро сигурно ќе го напушти овој тим во текот на летото, а според последните информации „најзагреан“ за неговиот потпис е Тотнем
Информациите од лондонските медиуми се дека Тотнем веќе ја започнал операцијата за доведување на Тони кој бил означен како прва мета и од тренерот Анте Постекоглу.
Долго време Тони беше суспендиран, а во текот на неговото отсуство тимот и не функционираше лошо, а покрај тоа тој е шанса одлично да заработат.
Своевремено Брентфорд одби 80 милиони евра за неговите услуги, останува да видиме каква ќе биде ситуацијата и колку ќе бараат ова лето. Исто така треба да се додаде дека Тони влегува во неговата последна година од договорот, па ова лето ќе биде последна шанса да заработат на него.
Тони има 28 години и во Брентфорд пристигна летото 2020 година од Питерборн за 5.5 милиони евра, а во периодот во Брентфорд досега одигра 141 натпревар, постигна 72 гола и подели 23 асистенции.