145
Холандскиот гигант Ајакс наместо четири како останатите, ќе има одиграно само два натпревари во Ередивизие.
Вторпат во низа на гигантот му е одложен натпревар, овојпат домашен против Утрехт, а причината е слична. Штрајкот на полицијата во Амстердам прави проблем, па локалните власти одлучија дека нема услови за одигрување на првенствен меч, дури ниту зад затворени врати.
Со тоа, Ајакс по четири кола ќе има одиграно само два натпревари.
Последниот настап во првенството на Холандија гигантот го имаше на 18 август, а интересно следниот меч на распоредот е точно еден месец подоцна, на 18 септември против Фортуна Ситард.