156
Уште е неизвесна иднината на Жоао Феликс кој е дел од подготовките на Атлетико Мадрид, но се чини дека му се бара нова средина.
Фабрицио Романо објави дека Пеп Гвардиола одбил Жоао Феликс да биде дел од трансферот на Хулијан Алварез во Атлетико.
„Феликс бил спомнат во преговорите меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити за Алварез. Сепак, Аргентинецот ќе стане играч на Атлетико без да биде вклучен ниеден друг фудбалер во зделката. Сити има други планови, го почитуваат Феликс, но не им е потребен во овој момент“, тврди Романо.
Алварез се очекува наскоро, можеби уште денеска, да стане играч на Атлетико, а Сити за него ќе добие 95 милиони евра што ќе биде најскап излезен трансфер во историјата на англискиот клуб.