Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа пред елиминација и бламажа во Купот на кралот, бидејќи долго губеа од Качерено, а на крајот славеа со 1-3 (1-0).
Домаќинот кој е четвртолигаш поведе по половина час игра преку Алваро Меренсио. Атлетико играше доста лабаво и тоа можеше да му се одбие од глава. Резултатот беше активен до пред самиот крај на средбата, кога стапија на сцена ѕвездите од Мадрид.
Прво Клемен Ленгле израмни на 1-1 во 83. минута по нафрлување од Де Пол, а потоа се влезе со тој резултат во судиското продолжение.
Храбро Качерено се бранеше и со десет фудбалери бидејќи имаше црвен картон, но капитулира во 92. минута кога Перез си даде автогол, за потоа во шестата дополнителна минута Хулиан Алварез да погоди за конечните 1-3.