Атлетико го претрпе првиот пораз сезонава во Ла Лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Бетис вечерва го совладаа Атлетико Мадрид во 11. коло од шпанската Примера.

Домаќинот вечерва во целост ја надигра екипата на Диего Симеоне и можеше да постигне и некој гол повеќе, но на крајот како одлучувачки се покажа автоголот на Хозе Марија Хименез. Стоперот на Арлетико ја погоди сопствената мрежа по една лоша реакција во четвртата минута.

За Атлетико ова беше прв пораз во сезоната во Примера. Избраниците на Диего Симеоне се на четвртата позицијата со 20 бодови, додека Бетис е едно место подоле со 18.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани