72
Македонија денеска со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Летонија во претпоследниот меч од Лигата на нации за оваа сезона.
Со победа ќе го завериме првото место во групата, а со тоа и пласман во Лига Б за наредната сезона од ова натпреварување.
„Ќе се обидеме да го потврдиме првото место во групата, да ја направиме Македонија среќна и да ја оствариме целта. Летонија не е лоша репрезентација, во одредени сегменти на првиот натпревар пружи сериозен отпор и ни направи проблеми и затоа не смееме да ја потцениме. Го анализиравме противникот и сметам дека подготвени ќе го дочекаме вечерашниот меч“, вели Атанасов.