Аталанта одлучила да го пушти Теун Копмајнерс во Јувентус за 55 милиони евра, но условот е фудбалерот да игра на Супер Куп дуелот против Реал Мадрид, па потоа да се реализира трансферот.
Претходно Аталанта не сакаше да слушне за продажба на Копмајнерс за помалку од 60 милиони евра. Тој веќе има договор со Јувентус за личните услови.
Според „Калчомеркато“, Јувентус е подготвен да понуди 50 милиони евра, плус 5 милиони евра во бонуси, а Аталанта ќе направи компромис и ќе ја прифати понудата.
Услов за да се реализираа овој трансфер со таа понуда е Копмајнерс прво да настапи за Аталанта на европскиот Супер Куп против Реал Мадрид кој се игра на 14. август во Варшава.
Ден после натпреварот, холандскиот фудбалер може да оди во Јувентус.