Аталанта со 2-0 ја совлада Рома на Олимпико, во центарот на вниманието беше поранешниот играч на волчицата, Николо Заниоло.
Резултатот беше отворен во 69. минута кога Де Рон со помош на Челик даде гол за водство на Аталанта од 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Заниоло кој реализираше со глава во 89. минута.
Заниоло кој е поранешен играч на Рома голот го прослави како да освоил Лига на шампиони, го соблече дресот и трчаше кон навивачите на Аталанта.
Во продолжение се создаде и многу тензија поради неговото однесување, но не дојде до поголем инцидент.
Навивачите на Рома не го сакаат Заниоло поради начинот на кој го напушти клубот, но се очекуваше дека тој ќе покаже почит против клубот во кој играше и каде земаше плата и покрај тоа што во огромен дел од договорот беше повреден. Со денешното негово однесување само дополнително навлече омраза од фановите на волчицата.
Аталанта со оваа победа е на втората позиција на табелата, Рома е 15. место и има само два бода повеќе од зоната за испаѓање.