143
Копмајнерс е пред трансфер во Јувентус, а тоа значи дека Аталанта ќе загуби одличен играч во средниот ред, но ќе добие пари кои може да ги реинвестира.
Според италијанските медиуми, изборот паднал на Лазар Самарџиќ од Удинезе, а преговорите се веќе почнати.
Српскиот фудбалер беше пред трансфер во Интер, Наполи, Милан… но зделките никогаш не се реализираа поради алчноста на неговиот татко кој беше негов агент.
Во меѓувреме Самарџиќ реши да ангажира нов агент, професионалец, па можеби овојпат ќе направи трансфер.