Аталанта се распука и со шест гола ја испрати Верона од Бергамо (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Аталанта одигра перфектен натпревар во кој до врв ја наполни мрежата на Верона (6-1).

Средбата од деветтата рунда на Серија А понуди вистинско уживање и огномет во првото полувреме.

Со головите на Де Рон, Ретеги и Де Кетеларе веќе во 14 минута Аталанта водеше со 3-0. Потоа следеа два погодоци на Адемола Лукман за „петарда“ во мрежата на гостите.

Верона даде почесен гол пред полувремето преку Сар, но потоа во продолжението точка на победата стави Матео Ретеги со својот втор погодок вечерва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани