Шарл де Кетеларе ќе остане во Аталанта, а клубот од Бергамо прави напор да го ангажира и Николо Заниоло.
Де Кетеларе минатата сезона ја играше во Аталанта на позајмица од Милан и се покажа во одлично издание. Беше еден од клучните играчи во сезоната во која беше освоена Лига Европа.
Од Италија доаѓа информација дека Аталанта и Милан постигнале договор и Де Кетеларе ќе остане на Бергамо. Се очекува во текот на денот да бидат соопштение деталите за зделката. Дали Белгиецот прави перманентен трансфер и за која сума.
Во меѓувреме Аталанта работи на ангажман на поранешниот фудбалер на Рома, Николо Заниоло за кој интерес имаше и од Виљареал.
Заниоло е играч на Галатасарај кој минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила.