Аталанта замената за Скамака ја гледа во екс-играчот на Манчестер Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта итно мора да пронајде нов напаѓач, откако Џанлука Скамака ги скина лигаментите и стана јасно дека го чека долга пауза.

Според италијанските медиуми, првото име кое се истакнува како потенцијална замена е Ентони Марсијал. Францускиот напаѓач е слободен агент, откако замина од редовите на Манчестер Јунајтед по истекот на договорот ова лето.

Поради тоа, во него Аталанта гледа идеално решение за нападот. Проблем може да претставува само платата на Марсијал која во Премиер лигата беше висока, меѓутоа јасно е дека 28-годишникот нема да ги добие истите услови никаде на друго место, освен ако не пронајде нов ангажман во Англија.

Своевремено Ентони Марсијал беше платен 60 милиони евра во 2015 година, кога од Монако се пресели во Манчестер Јунајтед. Пред Французинот се неколку опции како Лил, МЛС лигата, па дури и клубови од Бразил и Саудиска Арабија. Сепак, делува дека Аталанта е поатрактивно решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани