Артета: Тажен сум за заминувањето на Емил, но…

by riste
1 минути читање

Емил Смит Роу потекнува од школата на Арсенал, од дете беше во клубот, па неговиот трансфер во Фулам е посебно емотивен за навивачите.

Емоции имаше и во изјавата на Микел Артета за заминувањето на Смит Роу.

„Тажен сум што Емил си заминува, но возбуден сум за него, за новата шанса која ја има во оваа фаза од кариерата. Емил е сакан од сите во Арсенал, сите имаме најдобри желби за него“, вели Артета.

Арсенал објави пост за збогум со многу фотографии од Смит Роу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани