Фудбалерите на Арсенал ремизираа 1:1 во денешниот натпревар против Фулам, па по ова коло се зад Челси на третата позиција на табелата.
Арсенал имаше и 70% посед на топката, создаде повеќе прилики за гол, но на крајот не успеа да слави.
На „топџиите“ им беше поништен и гол во завршницата по реакција на ВАР.
„Жалам што не победивме. Заслуживме три бода, а тоа што денес не победивме, не се должи на квалитетот на противникот. Не можеме да се жалиме и да плачеме поради тоа, таков е фудбалот. Милиметри пресудија вториот гол кој го постигна Сака да биде поништен“, изјави Артета.
Арсенал во овој натпревар мораше да игра без повредените Габриел и Калифиори, па шпанскиот стратег мораше да пронаоѓа алтернативни решенија за одбраната.