126
Микел Артета објасни зошто Арсенал во второто полувреме размислуваше само на одбрана во дербито против Манчестер Сити.
Арсенал цело второ полувреме играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Тросар во финишот од првиот дел.
Пред три години Сити го победи Арсенал со 5-0, тогаш Гранит Џака во 35. минута доби црвен.
„Нормално е што одлучивме да се браниме. За жал бевме иста ситуација како и во минатото, кога Гранит Џака доби црвен и тогаш загубивме колку? 5-0“, вели Артета.
„Важно е да учиме од ситуациите“.