Артета: Милиметри пресудија да не победиме…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фулам и Арсенал одиграа реми (1-1) во Премиер лигата. За овој резултат повеќе жалат „топчиите“ кои се обидуваат да фатат приклучок со водечкиот Ливерпул.

Постигна Арсенал гол во завршницата, ама тогаш се јави ВАР собата и се утврди дека има офсајд позиција. Микел Артета по натпреварот зборуваше за квалитетот на ривалот и посочи дека милиметри го делеле неговиот тим од победа.

Жалам што не успеавме да победиме. Апсолутно ги заслуживме бодовите со Фулам. Не можеме да плачеме за оваа ситуација, ривалот беше многу квалитетен. Дадовме максимум, покажавме карактер, ама не успеавме да постигнеме гол. Милиметри пресудија во финишот при голот на Сака…“, изјави Артета.

Арсенал има 29 бода и е третопласиран, тоа се шест помалку од Ливерпул кој има и меч помалку (одложеното дерби со Евертон).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×