Aрсенал и Брајтон одиграа 1:1 на „Емирати“ во третото коло од англиската Премиер лига.
Арсенал поведе со голот на Каи Хаверц кон крајот на првото полувреме, но ситуацијата на теренот почна да се менува кога Даклан Рајс зарабтои исклучување.
Ова исклучување на Рајс предизвика бурни реакции на Островот, а дека е незадоволен не криеше и тренерот Микел Артета.
„Судиската одлука го промени текот на натпреварот. Како и секогаш не добив никакво објаснување за црвениот картон. Бев зачуден, ако такви работи се судат константно во текот на натпреварот во ред, но видовме неколку ситуации во кои фудбалерите ја шутираа топката и нитшо не се случуваше“, изјави Артета.
Шпанскиот стратег и ги пофали своите фудбалери за реакцијата по примениот гол со играч помалку.
ЦРВЕНИОТ КАРТО НА РАЈС