229
Тренерот на Арсенал, Микел Артета го испофали Габриел Жесус по вчерашниот пријателски меч со Баер Леверкузен.
Жесус беше стартер, тој постигна еден од четирите голови кои Арсенал му ги даде на германскиот тим.
„Првото чувство кога го видов ова лето беше дека има нешто поразлично“, вели Артета.
„Можам да го познаам тоа. Енергијата од Габриел беше поинаква“.
„Начинот на кој изгледа е поразличен. Начинот на кој се движи е поразличен, изгледа добро“.
На Арсенал му е потребен напаѓач, па доколку Габриел Жесус ја врати формата, тоа ќе биде голем плус за топчиите во новата сезона.