Арсенал се вклучува во трката со Атлетико Мадрид по Алварез!

by riste
1 минути читање

Арсенал ќе му биде конкурент на Атлетико Мадрид во битката за потписот на напаѓачот на Манчестер Сити, Хулиан Алварез.

Алварез нема проблем со тоа колку минути одиграл во текот на минатата сезона, туку со фактот што на клучните натпревари тој беше на клупата за резерви.

Аргентинецот сака да игра за тим каде ќе се чувствува дека е важен дел и би можел да ја промени средината.

Атлетико Мадрид е веќе во преговори со Манчестер Сити за Алварез, а информациите велат дека и Арсенал се вклучува во трката.

Манчестер Сити нема проблем да го продаде, но само доколку до нив пристигне богата понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани