Арсенал мора да побрза – добива сериозна конкуренција за потписот на Шешко

by Стефан
1 минути читање

Бенџамин Шешко, младиот словенечки напаѓач е една од главните мета на Арсенал, меѓутоа ако „топџиите“ сакаат да го доведат ќе мораат да биде поконкретни во преговорите.

Интерес зза Шешко постои од градскиот ривал на Арсенал, Челси, но и од италијански Милан.

Кога во прашање е желбата на напаѓачот тој посакува трансфер во Арсенал каде што би играл заедно со Каи Хаверц.

Сепак, слична ситуација видовме и кога Украинецот Мудрик сакаше трансфер во Арсенал, но на крајот заврши во Челси бидејќи „топџиите“ не сакаа да ја платат бараната оштета.

Сезонава Шешко на 31 натпревар во Бундеслигата постигна 14 гола и подели две асистенции. По два гола постигна и во Лигата на шампионите и Купот на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани