Арсенал и Ливерпул ги поделија бодовите и го израдуваа Сити (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дербито на колот во англиската Премиер лига помеѓу Арсенал и Ливерпул заврши без победник, Арсенал и Ливерпул ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2.

Прв до водство дојде Арсенал со погодокот на Букајо Сака по само девет минути игра. Тој гол не ја наруши замислата на избраниците на Арне Слот кои успеаа брзо да се вратат. Ван Дајк по еден корнер и допир на Луис Дијаз ја смести топката во мрежата во 18. минута за израмнување.

Арсенал поведе и вторпат и тоа преку Шпанецот Микел Мерино кој го постигна својот прв гол во англиската Премиер лига. Мерино на најдобар можен начин го искористи нафрлувањето на Даклан Рајс од слободен удар во 43. минута од средба

За разлика од првиот дел во второто полувреме не гледавме толку возбудлив натпревар и беше постигнат само уште еден погодок. Мохамед Салах на десетина минути пред крајот погоди за конечни 2:2.

На ова реми најмногу се радува Манчестер Сити кој останува лидер со 23 бода, Ливерпул има бод помалку, Арсенал со 18 е на третата позиција, колку што има и Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани