Арсенал и десеткуван слави во лондонското дерби! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал го добија дербито во Лондон против градскиот ривал Тотнем, со минимални 0-1 (0-0). Средбата од четвртото коло му припадна на гостинот на „Тотнем Хотспур Стадион“, а херој во триумфот беше стоперот Габриел кој го даде единствениот погодок.

„Топџиите“ играа без Одегард, Рајс, Мерино, Калафиори, Тирни и Томијасу за овој натпревар. И покрај тоа, момците на Артета одиграа солидно и се претставија во добро светло.

Се играше „фајтерско“ прво полувреме во кое имаше дури седум жолти картони, од кои пет беа за играчи на Тотнем. Откако немаше погодоци во првиот дел, Арсенал дојде до предност во вториот. Стрелец на единствениот погодок беше стоперот Габриел Магалаеш кој по корнер на Сака погоди за 0-1 во 64. минута.

Немаше Тотнем сили за резултатски да се врати, па Арсенал дојде до трето сезонско славје и има 10 бода на второто место, два помалку од Манчестер Сити. Од друга страна, Тотнем со четири бода е тринаесетти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани