Aрсенал и Брајтон по двете стартни победи денеска во меѓусебниот дуел за првпат не победија, но и останаа непоразени. Натпреварот на „Емирати“ заврши со поделба на бодовите 1:1.
Имаше Арсенал иницијатива и беше подобар противник во првото полувреме, па така стигна и до предност со голот на Каи Хаверц кој го матираше голманот на Брајтон по асистенцијата од Букајо Сака.
На паузата Арсенал замина со еден гол предност. Почетокот на вториот дел донесе проблеми за Арсенал.
Еден од најважните играчи во средниот ред во тимот на Микел Артета заработи исклучување во 49. минута. Само осум минути подоцна Жоао Педро ја погоди мрежата на Раја за 1:1.
До крајот на натпреварот Брајтон имаше прилики и за целосен пресврт, но и Арсенал знаеше да се закани на моменти. Сепак резултатот не се промени.