Француската фудбалска федерација испрати жалба до ФИФА и надлежните поради расизам од страна на Аргентинците кон играчите од Франција.
Фудбалерите на Аргентина во славјето по освоената Копа Америка во својот автобус направија глупост, пееја песна во која се навредуваат Французите и истата може да се интерпретира како расистичка. „Играат за Франција, но се од Ангола. Неговата мајка е Нигеријка, татко му од Камерун, но на пасошот: Французин“, се дел од зборовите во оваа песна. Сето тоа на видео го сними Енцо Фернандез додека одеше во живо на својот Инстаграм профил.
Реакцијата од Фудбалскиот сојуз на Франција нагласи дека претседателот Филипе Диало го осудува однесувањето на Аргентинците по освојувањето на Копа Америка. Покрај тоа, се наведе дека е поднесена формална жалба и Аргентина може да сноси санкции за однесувањето.