Аргентина со 2-0 го совлада Перу и покрај тоа што играше без Лео Меси, а на клупата не беше ниту селекторот Скалони кој има суспензија, Канада одигра 0-0 со Чиле, а тоа беше доволно за место меѓу осумте најдобри на Копа Америка.
Ѕвезда на мечот беше Лаутаро Мартинез кој беше стрелец и на двата гола.
По мирното прво полувреме, резултатот беше отворен по две минути игра во вториот дел кога Лаутаро погоди по асистенција од Ди Марија.
Конечните 2-0 ги постави Лаутаро во 86. минута од натпреварот.
Претходно, во 72. минута Паредес промаши пенал.
Голем успех слави Канада која одигра 0-0 против Чиле и како втора од групата оди во четвртфиналето.
Клучниот момент се случи во 27. минута кога Суазо заработи втор жолт картон и го остави Чиле со фудбалер помалку.
Аргентина со максимални девет бода го освои првото место, Канада заврши со четири, Чиле освои два и Перу еден.