Анчелоти потврди: „Паднал“ важен потпис во Реал

by Стефан
1 минути читање

Карло Анечлоти потврди дека Ферлан Менди потпишал нов договор со Реал Мадрид.

Се уште не е официјално објавено, но Анчелоти потврди дека двете страни постигнале договор.

„Менди потпиша нов договор до 2027 година. Презадоволни сме што имаме играч како него во тимот и сакавме да остане со нас“, изјави Анчелоти.

Веднаш по оваа изјава на Анчелоти тој беше запрашан и дали ова значи дека Алфонсо Дејвис нема да пристигне во клубот бидејќи потешко би прифатил ротација со Менди. Сепак, стратегот на „кралевите“ не даде одговор на тоа прашање.

Дејвис се уште не потпишал нов договор со Баерн и во случај така да остане ќе биде слободен од 1 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани