Реал Мадрид е во потрага по дефанзивец кој би им ги решил проблемите во одбраната. Медиумите најавуваат дека „кралевите“ ќе доведат големо име бидејќи Карло Анчелоти повеќе воопшто не верува во Хесус Ваљехо.
Ваљехо во Реал Мадрид пристигна во 2015 година како еден од најталентираните шпански дефанзивци и шпанскиот гигант за него како 18-годишник плати 18 милиони евра. Но, во девет години собра само 32 натпревари, а сезонава настапи само на еден дуел во Ла Лига.
Анчелоти веќе имал и разговор со Ваљехо на кој му кажал дека нема квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид. Доказ дека не верува во него е и тоа што во ситуација кога имаше проблеми со одбраната го користеше Чуамени како дефанзивец.
„Жал ми е. Не си квалитет за Реал Мадрид“, наводно биле зборовите со кои Италијанецот му се обратил на Шпанецот.
Во летниот преоден рок клубот се обидуваше да го испрати на позајмици или да го продаде, меѓутоа Ваљехо одлучи да остане. Неговиот договор со „кралевите“ истекува наредната година.