Анчелоти откри од кои тројца фудбалер се изненадил најмногу оваа сезона

by bojan
1 минути читање
Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги посочи Фран Гарсија, Хоселу и Брахим Диаз како тројцата фудбалери од кои се изненадил најмногу оваа сезона.

По освојувањето на титулата број 36 во Ла Лига, Карло Анчелоти беше запрашан да ги наброи фудбалерите кои најмногу го изненадиле оваа сезона.

„Тешко е да се каже, но ако треба да одберам, тоа се Фран Гарсија, Хоселу и Брахим Диаз“ – вели Италијанеот.

„Исто така има играчи кои може да дадат многу поголем придонес доколку им дадев поголема минутажа“.

„Себаљос ги немаше минутите кои ги заслужува пореди неколку причини. Арда Ѓулер исто така можеше да игра многу повеќе доколку не беа честите повреди“.

„Генерално сум пријатно изненаден од целиот состав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани