Анчелоти: Можеме да научиме многу од ремито со Мајорка

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид имаше лош старт на новата сезона, кралскиот клуб одигра само 1-1 на гостувањето кај Мајорка, а можеше да се случи и да загуби.

По доаѓањето на Мбапе, многумина очекуваа Реал Мадрид да се прошета низ лигата, но работите не се такви доколку се суди по вчерашниот натпревар.

„Ова не беше добар натпревар, треба да имаме повеќе баланс на теренот. Треба да се браниме подобро. Минатата сезона бев среќен со некои нерешени резултати, денеска не сум. Требаше да одиграме многу подобро“, вели Анчелоти.

„Не сакам да барам изговори. Требаше да бидеме подобри. Можевме и да загубиме. Можеме да научиме многу од овој натпревар бидејќи се виде јасно каде може да имаме проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани