Анчелоти за Мбапе: Ќе му најдеме позиција, ако треба…

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе ја продолжува кариерата во Реал Мадрид, откако дојде од ПСЖ по истекот на својот договор.

Во моментов „кралскиот“ клуб е преполн со млад потенцијал, особено во офанзивниот дел од тимот. Поради тоа, Карло Анчелоти доби прашање каде планира да го користи Мбапе, па даде одговор во свој стил.

Ќе му најдеме позиција на Мбапе. Ако треба само ќе го втурнеме некаде во тимот“, прокоментира Италијанецот.

Во нападот освен Мбапе опции ќе бидат Родриго, Винициус Жуниор, а офанзивно делуваат Диаз, Ѓулер и Белингем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани