Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде брутално искрен одговор откако доби прашање зошто младиот Арда Ѓулер бил повлечен од игра против Кадиз и не добил 90 минути.
Карло Анчелоти направи дури 10 промени во составот за мечот со Кадиз, а помеѓу играчите кои добија шанса од првата минута беше и Арда Ѓулер, за кого ова беше прв старт на „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот Турчин уште еднаш покажа дека е голем талент и со неколку убави потези ја крена публиката на нозе.
Тој беше повлечен од игра во 65. минута, на негово место во игра влезе Џуд Белингам, кој кратко потоа постигна гол за 2-0 и предвреме ги осигура трите бода.
На средбата со новинарите, Карло Анчелоти беше запрашан зошто Арда Ѓулер не добил 90 минути, а стратегот даде брутално искрен одговор.
„Арда ја одигра улогата која му беше доделена, полека почнува да ги покажува квалитетите“ – вели тренерот на Реал Мадрид.
„Го извадив бидејќи немаше што повеќе да понуди и ни беа потребни свежи сили. Исто така, сакав победа, и токму тоа од мене го побара Реал Мадрид кога потпишав договор, да носам победи, а не да давам минута на млади играчи“.
„Транзицијата за која зборуваме подолго време продолжува да се реализира, младите играчи прогресираат а ветераните се уште играат на фантастично ниво“.