328
Карло Анчелоти смета дека ако се прави муабет за тоа кој бил оштетен на вчерашниот меч, тоа не е само Баерн Минхен, туку и тие.
Во Баерн Минхен се бесни на грешката на судиите во самиот финиш од мечот кога пребрзо свирнаа офсајд и не им дозволија да ја завршат акцијата, па на по мечот и Анчелоти беше прашан за тоа.
„Баерн се жалел за офсајдот? Во ред, ние се жалиме за поништениот гол на Начо бидејќи Кимих одглуми“, вели Анчелоти.
„Реал Мадрид е семејство, фудбалски клуб со историја и традиција и оние кои работат тука се среќни што го носат овој дрес“.