Напаѓачот на Вест Хем, Микаел Антонио откри детали од расправијата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах, вели дека клупата на „чеканите“ добро слушнала што кажал тренерот на Ливерпул, но не и одговорот на Египјанецот.
Расправијата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах крај аут линијата е една од топ темите на „островото“. Тренерот на Ливерпул влезе во конфликт со својата прва ѕвезда на натпреварот против Вест Хем и се „зајадоа“ во завршницата од мечот
Двајцата одбија да откриваат детали, а Египјанецот само порача: „Ако кажам нешто, ќе има пожар“.
Микрофоните не успеаја да уловат што точно си кажаа Клоп и Салах, но затоа пак луѓето од клупата на Вест Хем успеале да слушнат нешто.
„Ова не е инсајдерска информација, никој ништо не ми кажал. Она што јас го слушнав, го слушнаа и моите соиграчи и се зборуваше на оваа тема на тренингот“ – вели Микаел Антонио.
„Секогаш кога некој фудбалер на Ливерпул влегува во игра, Клоп силно се поздравува со него, му кажува со среќа, бла бла…“
„Но кога Мо требаше да влезе во игра, во прв момент како да не сакаше да го прави ова, и само подаде рака, нешто како „да пукне“ и на Клоп не му се допдна ова“.
„Па почна да вика, „Сакаш пак да седнеш на клупа?“ Во основа го прашуваше, „Не ти се игра?“. Никој не ми кажа што Салах му врати на Клоп, не го знам тој дел од приказната“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.